Дивидуа
Машински капитализам и молекуларна револуција - Том 1
182 страници
Уредничка на едицијата и на изданието: Искра Гешоска
Во „Дивидуа“, Рауниг нè води низ испреплетената историја на индивидуалноста, општеството и заедницата, укажувајќи на можниот крај на централноста на „индивидуите“ и „индивидуалноста“ („поединците“ и „поединечноста“) како темелници на нашите доживеани современи искуства, а наместо тоа тој ги акцентира моделите на бидување заедно и на заедништво. Додека авторот ги препознава реакционерните аспекти на „дивидуата“ и „дивидуалноста“ бидејќи тие се спојуваат/конјугираат со поими како што се дисперзија, егзистенција и сличност, тој, исто така, нуди продуктивна и позитивна перспектива за нас и нашата општествено-политичка ситуираност, за тоа што значи да се биде дивидуален денес.
Книгата „Дивидуа – Машински капитализам и молекуларна револуција“ е издадена со поддршка на Гете Институтот – Скопје.
Книгата е во исклучително продлабочен, прецизен и комплексен превод на Жарко Трајаноски е објавена во едицијата „Пунктум“, која Контрапункт ја покрена во 2020 година, со цел да ја стимулира современата критичка теорија, филозофија и теорија на уметност и култура, преку преводи, но и преку промоција на домашни автори.