Дисeмблажа
Машински капитализам и молекуларна револуција - Том 2
ISBN 978-608-66916-7-7
230 страници
Уредничка на едицијата и на изданието: Искра Гешоска
Во „Дисeмблажа“ авторот продолжува со развивање на идеи имајќи веќе воспоставено нов теориски јазик околу дивидуалноста, во првиот дел од „Машинскиот капитализам и молекуларната револуција“. Рауниг продолжува да експериментира со идеите, но и со формите на отпор и самоорганизирање, користејќи специфичен и уникатен јазик кој почива на синергијата помеѓу филозофската проза и теориското пишување. Тој, ги продлабочува изворите за инспирација, за да ги распали отпорите против современиот капитализам и експлоататорското заробување на нашите енергии, а настраната мисла и традиционалните места на заедништво ги спојува заедно во одбрана на праксите на бројни востанија и дисемблажи, кои ги трансформираат нашите идеи за заедницата и сè што таа може да биде.
Книгата „Дисeмблажа – Машински капитализам и молекуларна револуција“ е издадена со поддршка на Гете институт – Скопје.
Книгата е во исклучително продлабочен, прецизен и комплексен превод на Жарко Трајаноски е објавена во едицијата „Пунктум“, која Контрапункт ја покрена во 2020 година, со цел да ја стимулира современата критичка теорија, филозофија и теорија на уметност и култура, преку преводи, но и преку промоција на домашни автори.